Исчезнала девојка од домот „11 Октомври“

173

Полицијата информира дека вчера во 21,15 часот вработен во Јавна установа Центар за социјална работа – Скопје, пријавил дека 17- годишна девојка, на која и е старател по службена должност и е сместена во Детски дом „11-ти Октомври“, не се појавила во домот од 21.12.2017 година.

Старателот посочил дека девојката почесто самостојно ја напуштала установата.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...