Илија Димовски: Нема да ја напуштам ВМРО – ДПМНЕ, ниту ќе правам фракција !

1332

Немам намера да ја напуштам ВМРО – ДПМНЕ, ниту имам намера да правам фракции во партијата. Исто така, немам намера да не давам идеи и да не критикувам кога ќе биде потребно, вели пратеникот Илија Димовски во интервју за Плусинфо.

Ќе обзнаните ли фракција во ВМРО – ДПМНЕ?

ДИМОВСКИ: Јас сум дел од ВМРО – ДПМНЕ и благодарие на идеолошката традиција што ја носам во себе,  јас партијата не ја перцепирам само во ликот на раководството, туку ја перцепирам и во ликот на илјадници членови на партијата со кои сум соработувал. Немам намера да правам ништо што би и нанело штета на партијата. Се што мислам дека е добро за партијата спремен сум да го приложам во партиските органи, а тоа и го правам. Мислам дека СДСМ лошо владее, а ВМРО има обврска да изгради подобра алтернатива за граѓаните. Немам намера да ја напуштам партијата, ниту имам намера да правам фракции во партијата. Исто така, немам намера да не давам идеи и да не критикувам кога ќе биде потребно.

Со Илија Димовски, кој со поддршка на повеќе од триесетина членови на ВМРО – ДПМНЕ  отворија фронт против политиката на континуитет „И по Груевски, Груевски“, пред изборот на нов лидер разговараме и за најавените мајски демонстрации, за промените во неговата матична партија по конгресот во Валандово, за новите политики со кои очекува ВМРО – ДПМНЕ повторно да ја освои власта на наредните избори, за вадеењето на СДСМ, за Законот за јазиците…

Целото интервју може да го прочитате на следниов линк.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...