Фудбалерите, спортско-техничкиот штаб и раководството на Фиорентина му оддадоа почит на капитенот Давиде Астори, кој почина во неделата рано наутро во хотел.
Денеска играчите ја посетија зоната на „Артемио Франки“, каде во последните денови тифозите оставаат цвеќиња, шалови, слики и други пораки во сеќавање на дефанзивецот.
Неговите соиграчи го закачија неговиот дрес со бр.13, кој ќе биде повлечен од употреба.
Аутопсијата на Астори е денеска, а погребот е закажан за в четврток.