Златан Ибрахимовиќ смисли оригинален начин да го објави својот трансфер во Л.А. Галакси.
Швеѓанецот купил реклама со целосна страница во „Лос Анџелес Тајмс“, на која стои кратко соопштение: „Почитуван Лос Анџелес, нема на што“. На дното на страницата, Ибра се потпишала, а под неговото име пишува бр. 9, Л.А. Галакси.
Во истото издание, веќе на спортската страница, има слика на 36-годишниот напаѓач со дресот на неговиот нов тим.
Вчера Ибрахимовиќ официјално го прекина договорот со Манчестер Јунајтед, а подоцна објави фотошоп фотографија во која Швеѓанецот беше претставен како Исус во борба со ѓаволот.