Ибрахимовиќ можеби и ќе заигра за Швеска на Мундијалот во Русија

172

Златан Ибрахимовиќ сигнализираше дека има можност да се врати во репрезентацијата на Шведска за Светското првенство во Русија.

Според него, „вратата не е затворена“, но клучна ќе биде неговата форма.

– Ќе видиме, тоа е тешко прашање. Важно е да чувствувам дека можам да сум од корист. Не сакам да дојдам, само затоа што сум Златан, изјави Ибрахимовиќ на отворањето на тениски центар во Стокхолм.

Тој рече дека има проблеми да го гледа националниот тим.

– Ми недостига. Кога си играл за националниот тим 20 години и веќе не си дел од него, а гледаш другите како играат, тешко е, вели напаѓачот на Манчестер Јунајтед.

Според неговите зборови, шведските играчи добро ја извршиле својата работа. Тимот ја совлада Италија и се квалификуваше за Светското првенство.

Ибрахимовиќ е рекордер за Шведска со 62 гола во 116 натпревари. Тој се повлече од националниот тим по елиминацијата од Евро 2016. Потоа од април 2017 година почнаа неговите проблеми со повреди, поради што има малку одиграни натпревари за „црвените ѓаволи“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...