И Жаклина Дамчевска од Антикорупциска поднесе оставка

Тројцата членови на ДКСК се повлекоа од функцииите откако пред неколку дена беше објавен извештајот од внатрешната ревизија направена во Комисијата. 

358

Членот на Државната комисија за спречување на корупција, Жаклина Дамчевска денеска поднесе оставка, потврдија за МИА од Антикорупциска.

Вчера оставка поднесе и претседателот на ДКСК Игор Тантуровски, а претходно и членот на Комисијата и нејзин поранешен претседател Горан Миленков.

Тројцата членови на ДКСК се повлекоа од функцииите откако пред неколку дена беше објавен извештајот од внатрешната ревизија направена во Комисијата. Во него се наведени сомневања за исплата на фиктивни патни налози и трошења на буџетски пари.

За извештајот на ревизорите за Антикорупциска, истрага отвори Јавното обвинителство, а парламентарното мнозинство ги повика членовите да си поднесат оставки или ќе биде иницирано нивно разрешување во Собранието.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...