Пренесувањето на чувствата е тешка задача. Сизифовски потфат. А често пати запнувам да ги пренесувам во најразлични форми. И да се разбереме, не ми е поентата што од тие прераскажани чувства го извлекувам само позитивното.
Знаете, животот е заебана амазонско сахарска рели-релација на која има многу неочекувани предизвици и проблеми, одрони и дупки на непознатата траса, па, демек, искажувајќи ги само позитивностите, на тој начин, се обидувам да ги маркирам како единствени и вистински вредности на животот како биолошка трансформација на спојката од невидливи за голо око и секако безначајни микроорганизми, (сперматозоидот во јајникот), во зачнувањето на новиот живот како општествено природен производ, човечко суштество со дефиниран рок на траење, со почеток и крај, туку, да ги испровоцирам и контра аргументите на оние кои делеле и споделувале исти периоди од заедничко воспитување и живеење.
Сите сме родени не по наша нарачка, ниту по нарачка на оние кои тоа го направиле за јас и ти да се родиме. Не. Никој однапред не знаел каков живот ќе се роди, и што потоа животот ќе исклеса од новородените како биолошки производ за да направи безвременска статуа од нешто, или, ништо. Сведоци сме дека за многумина возрасни од нашата генерација, со чиста совест, ќе речеме дека боље би било да бидат абортирани, ( да не ве изненадува тоа дека некои за нас го велат истото. Разликата е во аглите на разбирањето на животот), ама ебиго друже судија, кој би можел да знае, дека, од спојката на тој и таа, ќе се роди, овој и ваков кретен/кретенка, нели? И обратно – како не се родија поише вакви, бе…
Всушност, живот, што е тоа? Ништо или се’? Се’ или ништо? И се’ и ништо? Сепак е нешто? Сите кои се родиле живеат додека не умрат. Сите се раѓаат за еден ден да умрат. Ако целта на раѓањето е смрт, ондак, ебати животот. Со се’ или со ништо, можеби со нешто, или со по се’ од нешто, кога еден ден завршува со смрт, во најдобрата варијанта по сила на природата, ондак туримукурот на таквиот живот. И што е тогаш животот? Смрт? Ебати животот чим завршува со смрт. А убав е, бе, преубав, ако знаеш да го вреднуваш, ако знаеш да го чувствуваш со сопствените животни достигнувања и падови. Својот, никогаш не го споредувај со другите. Не можеш. Сите се посебни и различни. Сите се папиларни линии на прстите. Нема исти. А сите се слични. Како и да е и кои и да се, од туѓите животи, евентуално, се извлекуваат поуките за сопствените. Како? Не знам…
А не знаев многу други работи. Например, замислете, не знаев кој е Сојузен секретар за внатрешни работи, за оној за надворешни ама баш ништо не сум знаел, ниту ме интересирало. Ниту знаев што е КПЈ, ниту пак некој ме притискаше да ги паметам петте или седумте офанзиви на партизаните у Други светски. Мирко и Славко беа моите партизнакси херои, Прле и Тихи, и никој друг. Никој со сила не ме тераше да знам кои се Хрватите и Словенците, какви им се корените на Србите и Македонците? Единствено што знаев е тоа дека сите се Југословени, исто ко мене.
Бев горд Македонец Југословен, еј! И Словенците беа горди Змајчеки Југословени. И Хрватите. Абе сите. И оние на Косово и оние у Војводина. Еве, да беше Тито жив уште 10-15 години, и Косово и Војводина ќе беа Републики у Југославија, па наместо шест, на грбот на Југославија ќе имаше 8 подеднакви праменчиња на огнот. Ни шаховници ни орли нит сонца од Кутлеш. Тврдам. Уставот тоа им го гарантираше, а чим тој беше у прашање, кај Тито немаше заебанции…
Тој, уствари, се противеше на националистите и шовинистите, се бореше против фашистите, ги бркаше и ги затвараше сите „големи“ Македонци, Срби, Словенци, Хрвати, сите, бе. И навистина, што кој мој красни курац, тие „Големи“ националистички патриоти бараа тогаш? Голема Македонија? Голема Србија? Независна Домовина Хрвастка? Косово Република? Што? Тие бараа нешто големо кое ги поврзуваше со корените каде цврсто беа захефтани за минатото. За оноа лично минато кој никој, ниту на сон не им го оспорувал. Никој на никого не му го оспоруваше правото на употреба на мајчиниот јазик во животот, во образованието, да се претставува како Македонец, Хрват, Србин, Косовец, секаде. Иако беше задолжителен државен јазик српскохрватскиот, секој, кој не го говореше или разбираше, не беше маргинализиран, етикетиран, навредуван, понижуван во државните институции, или недајбоже осудуван, казнуван за истото. Напротив, секој беше достоинствено услужуван. Бев Голем Македонец, поголем од сите денешни и тогашни патриоти, од Јесенице до Гевгелија, и Горд Југословен истовремено во цел свет. Моите чувства од животот во тоа време го велат и следново..:
Ниту еден подобар живот, никаде во светот, па ни во тогашната држава, а ниту во сегашната, бил сместен во „патриотските“ чувства преку ударањето во гради на темелите на далечното историско минато, на корените за некои си ептен ГОЛЕМИ Македонци и Југословени, туку, во погледот и проекцијата на патот кон иднината. Тогаш, имав чувство дека, не само што знам кој сум и од каде сум, туку и тоа дека и мене и моите следбеници ги чека светла иднина. Кој сум денес? Што ќе бидам утре? Што ги чека моите деца и внуци? Не знам. Не знаат ниту тие. Ама сите знаеме многу повеќе од тогаш. Сега, например, знам, (знаат и тие), кој ми е градоначалник на Општината, знам кои му се советниците, знам кои се судии и обвинители, знам кои се педери и лезбејки, знам кои се „балисти“, „четници“, „усташи“ и тврдокорни “вмроисти“, знам кој(а) со кого оди во диско или на плажа, кој со кого се ебе и подјебава, и кои се луѓето што ја крадат државата.
Ги знам и имињата и презимињата на оние кои ги гонат. Знам се’, бе. Знам кои се самобендисани лажговци.
Абе ги знам сите. Им ги знам и мажите односно жените, швалерките односно швалерите на сите јавни и полујавни личности, им ги знам и роднините до трето колено. Знам затоа што се’ уште сум жив ама во едно друго време. И што ако знам се’, кога имам чувство дека живеам само за да живеам до потврда на дефинираното минато, чекајќи да станам голем Македонец признаен од сите, според тие постулати, кога знам дека живеам чекорејќи кон целта на минатото, гледајќи ја иднината како поминува покрај мене како ФФ. И да не бидам погрешно разбран за иницијалите, ептен се актуелни деновиве. Мислам на Ферари во Формула 1. А голем или мал Македонец, кога тогаш, животот за сите завршува исто. Со смрт. И што после…?
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.
loading...