Традиционалната трета по ред годишна Хуманитарна вечер ќе се одржи вечерва во Кинотеката на Македонија.
Забавата е отворена за сите хумани луѓе, а на неа ќе учествуваат уметници и волонтери од земјава и од светот (Малезија, Русија, Португалија). Предвидена е аукција на дела од еминентни сликари.
Собраните средства ќе бидат наменети за децата со воспитно-социјални проблеми.
Партиципацијата за хуманитарната вечер е 300 денари, а донации може да се уплатат на сметка на Еуростандард Банка 370001100172573.