Конвој со хуманитарна помош денеска влезе во реонот на Источна Гута, последното упориште на сириските бунтовници во близина на Дамаск, соопшти Меѓународниот комитет на Црвениот крст (ИЦРЦ).
Конвојот, кој е заедничка иницијатива на ИЦРЦ, сириската Црвена полумесечина и ОН, се упатил кон најголемиот град во реонот Дума. Конвојот се состои од 26 камиони, кои превезуваат хуманитарна помош наменета за 26.100 лица.
– Тоа е само мал дел од она што им е потребно на тие семејства, се наведува во соопштението на Комитетот.
ИЦРЦ уште минатата недела упати конвои со хуманитарна помош кон Устолна Гута, но тие не успеаја да влезат во енклавата поради ескалацијата на насилствата предизвикана од офанзивата на сириските владини сили против бунтовниците.
Фото: EPA/FAROOQ KHAN