„Рагуза 360“: Објектот е целосно дезинфициран од Институт за јавно здравје по настанот со дерматолозите

По одржување на настанот до денеска немавме одржување на други настани или прослави. Телефонски разговаравме со нашите вработени, како и тие кои што директно служеа во салата, засега немаат симптоми, но сепак одлучивме да се дома, да не доаѓаат на работа и да направат тест за вирусот. 

942

Согласно денешните написи во медиумите за стручното предавање на дерматолозите одржан изминатата сабота, 7-ми март 2020, во нашиот ресторан „Рагуза 360“ би сакале да ја известиме јавноста дека нашите вработени не беа во директен контакт со заболената пациентка од корона вирус, која предаваше на настанот, соопштија од ресторанот.

– По одржување на настанот до денеска немавме одржување на други настани или прослави. Телефонски разговаравме со нашите вработени, како и тие кои што директно служеа во салата, засега немаат симптоми, но сепак одлучивме да се дома, да не доаѓаат на работа и да направат тест за вирусот.

Сакаме да информираме дека по дознавање на веста, веднаш побаравме од Институт за јавно здравје темелно да извршат комплетна дезинфекција на објектот и сме во директна комуникација со Министерство за здравство, соопшти „Рагуза 360“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...