Хрватска има 120 супермилионери и 11.900 во „лесна категорија“

Во категоријата на милионери од „лесна категорија“ се класифицирани оние чиј имот е поголем од милион долари, односно шест милиони куни.

290

Според податоците на лондонската консултантска куќа „Knight Frank“, од извештаите за минатата година, Хрватска има 120 супермилионери, „тешки“ повеќе од 30 милиони долари и 11.900 милионери од „лесна категорија“, oбјави „Нови лист“.

Тоа е двојно повеќе од растот на бројот на милионери во Европа, каде тој пораст изнесува 17 отсто, додека е многу поспор од светскиот просек, кој бележи раст од 42 отсто.

Меѓу 120 супермилионери, 11 имаaт нето имот поголем од 100 милиони долари, говори последната проценка на консултантската куќа.

Во категоријата на милионери од „лесна категорија“ се класифицирани оние чиј имот е поголем од милион долари, односно шест милиони куни.

Весникот напоменува дека станува збор за милионери, кои својот имот го пријавиле во Хрватска.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...