Хемикалии кои се наоѓаат во козметиката и мебелот можат да влијаат на појавата на аутизам и хиперактивност

Веродостојна е поврзаноста на хемикалиите со зголемената појава на невролошки состојби, вклучувајќи ги нарушувања како што се аутизам и хиперактивност кај децата - потврдуваат истражувачите.

394

Изложеноста на хемикалии кои се користат за производство на производи, како што се козметика, мебел и пластика, може да се поврзе со нарушувања на развојот на мозокот кај децата, предупредува студијата на Францускиот национален центар за научни истражувања на Универзитетот во Париз Сорбона.

Истражувањето покажа дека многу вообичаени хемикалии може да ги попречуваат тироидните хормони кои се неопходни за нормален развој на мозокот за време на бременоста.

Зголемување на тој вид производи доведе до ширење на хемиското загадување на животната средина, покажа истражувањето, во кое се наведува дека хемикалиите кои ја оштетуваат тироидната жлезда се реални ризици за здравјето и развојот на децата.

Експертите ги прегледале објавените докази за хемикалиите, како пестициди и хемикалиите кои се користат во производството на лекови, козметика, мебел и пластика.

– Ја прегледавме документираната изложеност на бремените жени и децата на различни мешавини на хемикалии кои ги оштетуваат хормоните на тироидната жлезда и видиме веродостојна поврзаност со зголемената појава на невролошки состојби, вклучувајќи ги нарушувања како што се аутизам и хиперактивност – изјави професорката Barbara Demeneix.

Матичните тироидни хормони се од суштинско значење за развојот на детскиот мозок. Поранешни истражувања покажаа дека дури и умерените хормонски нарушувања можат да влијаат на когнитивниот развој и да го зголемат ризикот од нарушување на развојот на мозокот.

Подготви: А.Ј.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...