Хамилтон на чекор до рекордна плата во Формула 1

254
ФОТО: EPA/LUIS FORRA

Шампионот од Формула 1, Луис Хамилтон е на чекор да стане најплатен возач во светот. Британецот преговара со Мерцедес за тригодишен договор, а документацијата е речиси 100 страници.

Се очекува Хамилтон да зема по 45 милиони евра годишно, што ќе биде за 5 милиони повеќе од она што го заработува ѕвездата на Ферари – Себастијан Фетел.

– Договорот е речиси финализиран. Со Луис сме на иста линија и се оди според планот. Внимателно подготвуваме сè, а тој го заслужува најдоброто, бидејќи е најдобар – рече шефот на „Мерцедес“, Тото Волф.

Фото: EPA/LUIS FORRA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...