Гвардиола: Чувствувам дека не е готово

Манчестер Сити синоќа на гостувањето кај Ливерпул загуби со 3:0 на првиот дуел од четвртфиналната пресметка во Лигата на шампионите.

323

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола и покрај високиот пораз од Ливерпул, е уверен дека ништо не е завршено и кај него има оптимизам околу конечниот победник.

– Верувам во мојот тим и покрај големата негатива. Оваа сезона многу пати сме покажале дека можеме да бидеме ефикасни. Има уште 90 минути. Се наоѓаме во слична позиција како Јувентус. Знам дека многумина не веруваат во пресврт, но јас ќе се обидам да ја вратам самодовербата кај фудбалерите. Имам чувство дека не е готово, изјави шпанскиот стручњак.

Гвардиола ги критикуваше навивачите на Ливерпул кои го нападнаа клупскиот автобус на Сити.

– Ова не го очекував од навивачите на голем клуб каков што е Ливерпул. Не можам да ги разберам ваквите ситуации. Се надевам дека нема да се повтори, нагласи Гвардиола.

Манчестер Сити синоќа на гостувањето кај Ливерпул загуби со 3:0 на првиот дуел од четвртфиналната пресметка во Лигата на шампионите.

ФОТО:EPA/Nigel Roddis

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...