Компанијата ГСОЛ, преку претставништвото „Еуроникел“ Скопје ги повикува сите необезбедени доверители чии побарувања се прифатени во стечајната постапка што се води за „Фени Индустри“ во стечај, да ги достават своите барања со цел започнување на постапката за исплата.
Барањата треба да се достават во период од 12 -ти до 16-ти март, 2018 година во канцелариите на Адвокатското Друштво Поленак, правните застапници на „Еуроникел“ Скопје.
Се покануваат необезбедените доверители претходно, да го контактираат Адвокатското Друштво Поленак на телефонскиот број 02 3114 737, заради закажување термини.
Пред два дена ГСОЛ – ЕуроНикел најави дека започна постапка за исплата на вкупните побарувања од „Фени Индустри“ на сите признати доверители. Со исплата на 100 отсто од прифатените побарувања во стечајната постапка, швајцарскиот инвеститор става крај на неизвесноста за „Фени Индустри“, ја демонстрира компетентноста на ЕуроНикел и го започнува излезот на „Фени Индустри“ од стечајот обезбедувајќи извесна и стабилна иднина за комбинатот, вработените и партнерите.
ГСОЛ ги повикува доверителите на „Фени“ да достават барања
loading...