Околу 18.55 часот, кога возачот со автобусот почнал да се движи од Зелениково кон Транспортен центар, пред автобусот се испречило патничко возило „Шкода Фелиција“ и џип – непозната марка, од кои излегле повеќе лица, и со употреба на сила ја отвориле вратата од автобусот, влегле внатре и го нападнале возачот.
А.Д. бил пренесен во Градска општа болница „Наум Охридски“.
Двајца од напаѓачите, Е.Ф. (25) и А. Г. (24) од Зелениково, се пронајдени и приведени во Полициската станица -Драчево. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.