СДСМ подобро да не патува, да не прави трошоци, ќе заштеди многу повеќе пари отколку кога патува бесцелно, истакна денеска поранешниот премиер Никола Груевски, коментирајќи ја денешната промоција во Владата на РМ на алатката за отчетност, односно за трошењето на државни пари на функционерите.
– Политичарите кога патуваат, патуваат со одредени цели, а јас секогаш кога сум патувал сум имал одредена цел. Од она што можам да го забележам СДСМ и Заев помалку патуват отколку што патувавме ние, гледаме дека нема никакви ефекти од нивното патување – истакна Груевски и додаде дека кога тој патувал како премиер имал многу економски патувања од кои привлекувал многу инвеститори.
Како резултат на тие патувања, Груевски рече дека тоа се отворените работни места во државата.
Според него, анализата што ја направи Владата на Заев покажала дека ако продолжат вака за 11 години ќе заштедат осум милиони денари и потоа им препора воопшто да не патуваат за да заштедат 16 милиони денари.