Груевски: Тренд е Груевски да се обвинува за сѐ

252
Поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски смета дека судот е под притисок по секоја цена да се закажуваат рочишта, да завршат судењата и да се донесат пресуди.
Целта, според него, е да се дефокусира јавноста од спорот со името, проблемите и скандалите кои секојдневно излегуваат.
– Ако ги погледнете денеска агрегатите, прва вест е „Титаник“, а втора е името. Тука може да се забележи хајката и инсистирањето да се покријат сите скандали и работи кои се случуваат секој ден. Сега е во тренд за сѐ и сешто јас да сум обвинет. Вчера беше кажано јас да сум одговарал за конфликтот во 2001 бидејќи сум бил тогаш дел од Владата. Тоа беше посочено од Владимир Милчин ако не се лажам… И во поетската книга за млади најдоа конотација дека јас сум нешто виновен. Сѐ со цел само да не се зборува за правните апсурди и грешки на владата – изјави Груевски.
За судењето за „Титаник“, тој го повтори она што веќе во судница го кажаа неговите адвокати и Миле Јанакиески кој е обвинет заедно со него.
– Денеска ми беше кажано дека имам само еден ден и тоа не цел ден, туку околу три часа да прочитам десетици страници кои ги доставило Специјалното јавно обвинителство кои колку и да не се релевантни, морам да прочитам за да видам што пишува – посочи поранешниот премиер.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...