Претседателот на Собранието на Талат Џафери во продолжението на 32. седница ја отвори 8-та точка, за Законот за употреба на јазиците, но по реакција од претениците од опозицијата прогласи пауза од 15 минути.
Претходно Никола Груевски се качи на говорницата кај претседателот Џафери и бараше од него да прекине со работата.
Пратенокот Данев Драган претходно извести дека имало груба манупулација и дека немало никаква координација за време на получасовната пауза во Собранието. Тој побара почитување на деловникот за работа и свикување на Комисијата за мандатно имунитетни и деловнички прашања за да расправа дали тие имаат деловничко право да поднесат и да расправаат за амандманите за Законот за јазиците.
Џафери рече дека паузата била на барање на Илија Димовски, но ваше е правото дали ќе дојдете на координација.
Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во процедурална забелешка, рече дека ваквата мирна атмосфера во Собранието не го одложува проблемот со непочитување на деловникот и со европското знаменце.
– Мислите дека ова не се таложи и собира како проблем. Повикувам на разум. Носите закон не што Илија Димовски не го прифаќа или ВМРО-ДПМНЕ, туку закон што не го прифаќа голем дел од населението. Оваа постапка ќе донесе далекусежни последици, изјави Димевски.
На стартот од продолжението на 32. седница, претседателот на законодавниот дом Талат Џафери ја прескокна точката за законот за јазиците со која требаше да почне седницата. Наместо тоа, седницата продолжи со гласање по други точки од дневниот ред, по што Џафери објави пауза од половина час за кооринација на пратерниците за понатамошната работа на Парламентот.