Воопшто не ми беше целта да предизвикам инцидент, туку јасно и гласно да покажам дека не се согласувам со начинот на кој беше донесен Законот за употреба на јазиците, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во врска со инцидентот што пред три дена се случи во Парламентот, кога за малку беше избегната тепачка помеѓу него и собранискиот спикер Талат Џафери.
Тој рече дека само ја оттргнал раката на Џафери во моментот кога тој го допрел и дека ништо повеќе од тоа не се случило.
Груевски бара Џафери да се извини и на македонската и на албанската јавноста поради тоа што, како што рече, на шверцерски начин донел закон ко ги засега токму албанските граѓани.