Груевски: Нинџа и брат му на 27 април имале семеен разговор

2446

Кога беше објавено дека членот на моето обезбедување имал телефонски разговор на 27 април од Виена, јас го прашав и рече дека како и секој кога оди на патување надвор, имал семејни разговори со неговите сопруга и брат и тоа e сѐ.

Ова го изјави Никола Груевски во врска со информациите дека на 27 април упадот во Собранието бил направен преку телефонски број на неговото обезбедување.

– Да имаше Д од доказ против мене немаше да бидат тука, што не значи дека и тие што ги уапсија се виновни – вели Груевски.

На директно новинарско прашање дали тој е нарачателот на насилството од 27 април лани, тој одговори: „Не“.

Поранешниот премиер смета дека објавувањето на информациите со детали од обвинението за „крвавиот четврток“ не само што е наменско, туку е и направено за да се објавуваат во фази.

Кој го нарачал тоа, не сакаше да прецизира но аплаудираше на власта.

– Нарачано е од тој кој има интерес да не се зборува за неговите грешки – рече Груевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...