Груевски не коментира за инцидентот (Видео)

3476

Екипата на ТВ21 успеа да го сними поранешниот премиер Никола Груевски на излегување од Собранието, по инцидентот кој за малку ќе преминеше во физичка пресметка.

На прашањето дали има коментар во врска со обидот физички да се пресмета со собранискиот спикер Талат Џафери, екслидерот на најголемата опозициска партија ништо не изјави.

Тој ги одмина камерите и влезе во возило, следен од дел од своите телохранители.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...