Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиевски, Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски и уте 16 други обвинети во случајот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ќе ја сефтосаат новата зграда на Кривичниот суд.
Таму денеска треба да се одржи првото рочиште за предметот во кој обвинетите се товарат за десетина кривични дела поврзани со изборни нерегуларности и измами.
Истрагата за случајот под кодно име „Титаник“ е првата која СЈО ја презентираше јавно. Таа беше отворена на 12 февруари 2016, а на 30 јуни лани беше поднесен обвинителниот акт. Покрај Груевски, обвинети се и Миле Јанакиески, Гордана Јанкуловска, Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски…
Делата за кои се товарат се злосторничко здружување, злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања во 2012 година, злоупотреба на службената положба и овластување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, уништување на изборен материјал.
ФОТО: МИА