Груевски: Дури ни СЈО не може да ги покрие глупостите на Заев

1100
20151214 Monday sobranie anketna komisija svedoci soslusuvane nikola gruevski

Груевски денеска после рочиштето за случајот „Тенк“ на СЈО истакна дека не е изненаден од новите истраги на СЈО, од кои во една ќе биде опфатен пописот и притоа рече дека во спроведување на пописот имало државна комисија која го правила тоа одговорно и професионално.

Во однос на одлуките на комисијата за попис, Груевски рече дека таа си ги носела сама без никакви притисоци.

Ова, рече Груевски, е уште еден чекор на СЈО да се дефокусира јавноста од она што се случува во земјата.

– Не може СЈО да одржува толку прес-конференции, да отвора толку истраги, колку што Заев може да направи глупости. Тој е многу побрз и подинамичен и почесто ги прави глупостите отколку што тие можат да отворат истраги за да му ги затскријат глупостите – истакна Груевски.

Поранешниот премиер Груевски, кој е осомничен во повеќе предмети на СЈО, ја коментираше и втората истрага, што се однесува на предметот „Актор“, за која кажа дека и Европската комисија го потврдила изборот на компанијата, иако по некое време отворила истрага по допрен глас, но повторно по истрагата ги известиле владините органи дека немаат забелешки на постапката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...