Грчката влада во рамките на националната линија бара решение со соседот

200

Во рамките на националната линија на сите грчки влади, официјална Атина бара решение во спорот за името, е ставот на порптаролот на грчката влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос, јави дописничката на МИА од Атина.

– Во однос на името на поранешната југословенска Република Македонија, владата со чувство на одговорност ја брани националната линија што е заедничка основа на сите грчки влади во последната деценија. И во оваа рамка бара решение на прашањето со соседот – рече Ѕанакопулос на денешниот редовен брифинг со новинарите.

Портпаролот на грчката влада и министер без ресор, паралелно упати и остри критики до лидерот на опозициската Нова демократија Киријакос Мицотакис и поради тоа што „нема да гласа за решение во рамките на националната линија, но и поради тоа што одби да се сретне со министерот за надворешни работи Никос Коѕијас за лично да го извести за текот на преговорите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...