Граѓаните ќе одлучуваат за „здрав“ Карпош преку HORIZON 2020 INHERIT

Проектот овозможува зголемена вклученост на граѓаните и различните целни групи во креирање на локалните политики.

181

Карпош е првата скопска општина локална која ќе почне да го спроведува проектот HORIZON 2020 INHERIT, во соработка со Инситутот за јавно здравје.

Проектот овозможува зголемена вклученост на граѓаните и различните целни групи во креирање на локалните политики.

За таа цел, подготвен е Прашалник за здрава населба (ПЗН) преку кој граѓаните, претставниците на формалните и неформалните здруженија ќе имаат можност да дадат мислење за најразлични прашања како за квалитетот на живот во нивната населба, урбанистичкото планирање, нивото на хигиена, состојбата на улици, степенот на развиеност на локалната економија, безбедноста и одржувањето на населбата и други прашања од локално значење.

„Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев посочи дека проектот дава шанса за добивање на повеќе мислења и сугестии од граѓани, експерти, организации, кои ќе бидат вметнати во секторски програми на Општината, во периодот на креирање на идните буџети“, соопшти Општината.

Советникот од Инситутот за јавно здравје, проф.д-р Драган Ѓорѓев напомена дека овој проект овозможува градење на чувство на припадност на граѓаните кон населбата.

„Со тоа што ќе бидат прашани, граѓаните ќе знаат дека Општината го вреднува нивниот став, а конкретните идеи кои ќе бидат преточени во решенија или проекти на Карпош го заокружуваат процесот на заедничко креирање на локални политики“, стои во соопштението.

Проектот HORIZON 2020 INHERIT веќе се спроведува во Латвија и во други земји од Европската Унија. Истиот е прилагоден и за нашите услови, при што се водеше сметка да бидат застапени ставовите на повеќе категории на граѓани и целни групи.
Со цел да се заокружи рамката за реализација на проектните активности, Општина Карпош и Инситутот за јавно здравје на Република Македонија денеска склучија Меморандум за соработка, велат од Општината.

Во претстојниот период ќе се договори и Оперативниот план за спроведување на проектот, со конкретни временски периоди на реализација, методолошки пристап и определување на други субјекти кои би биле вклучени во проектот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...