Градоначалничката на Арачиново, Миликије Халими, доживеала сообраќајна несреќа во Приштина за време на семејно патување, се наведува на официјалната интернет-страница на Општина Арачиново.
Халими претрпела мала телесна повреда, а во сообраќајката е повредена и нејзината ќерка, меѓутоа таа е надвор од животна опасност.