Готемелер: НАТО да биде глобален лидер за еднакви права и еднакво учество на жените

125

Заменичката на генералниот секретар на НАТО, Роуз Готемелер, испрати специјална видео порака до министерката за одбрана Радмила Шекеринска и жените во Република Македонија.

– Денеска го одбележуваме Меѓународниот ден на жената. За нас во НАТО, денеска, како и секој ден, го промовираме учеството на жените во сите области на безбедноста и одбраната.

Жените можат да претставуваат и навистина се катализатор за мирно решавање на конфликти. Ние можеме и играме водечка улоги во спречувањето на конфликтите и во зајакнувањето на владеењето на правото и доброто управување. Ние знаеме дека мирот најдобро може да се гарантира преку инклузија. Ние знаеме дека, иако треба уште многу да направиме, сепак напредуваме.

Сакаме НАТО да биде глобален лидер за еднакви права и еднакво учество на жените. Знам дека и вие сте посветени на тоа, и би сакала да и оддадам признание на вицепремиерката Шекеринска и нејзиниот тим за нивната работата во оваа област. Ви благодариме и имајте одличен Меѓународен ден на жената – порача Готемелер.

Пораката на Готемелер беше емитувана на трибината во организација на министерството за одбрана на тема „Родова перспектива во одбраната“ по повод Меѓународниот ден на жената.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...