Ѓоре Јовановски нов тренер на Работнички

Поранешниот македонски селектор, Ѓоре Јовановски е именуван за нов тренер на Работнички. По оставката на Горан Станковски, искусниот Јовановски ќе ги води „романтичарите“ до крајот на актуелнава сезона.

191

Поранешниот македонски селектор, Ѓоре Јовановски е именуван за нов тренер на Работнички. По оставката на Горан Станковски, искусниот Јовановски ќе ги води „романтичарите“ до крајот на актуелнава сезона.

– Раководството на Работнички на синоќешниот состанок одлучи до крајот на сезоната тимот да го води Ѓоре Јовановски. На Станковски искрено му заблагодаруваме на досегашната соработка, посакувајќи му успешна кариера во иднина, изјави претседателот на Работнички, Драган Поповски.

Управата на Работнички очекува тимот под водство на новиот тренер да се врати на победнички патеки.

– Јовановски се враќа во добро позната средина. Веруваме дека може многу да донесе пред се психолошко враќање на екипата. Се договоривме за соработка до крајот на сезоната, а потоа од јуни ќе размислуваме за евентуално продолжување на истата, вели Поповски во изјава за клупскиот сајт.

Претходно Ѓоре Јовановски во два наврата беше тренер на Работнички, од 2003- 2007 година и во сезоната 2011/2012.

ФОТО:ФФМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...