Горан Милевски бил напaднат во центарот на Скопје

405

Претседателот на Либерално демократската партија, Горан Милевски вчера попладнето бил нападнат на плоштадот Македонија.

„Додека се движев на плоштадот Македонија непознато лице се доближи до мене и започна да ме удира со тупаници по главата. Успеа да ме удри неколку пати по што го оттргнав од себе. Присебноста не ми дозволи да му возвратам во тој момент и добро е што избега, бидејќи не знам како ќе завршеше целиот настан“, вака претседателот на ЛДП Горан Милевски за ТВ 24 го опиша инцидентот во кој бил физички нападнат.

Лидерот на ЛДП вели дека целиот настан се случил многу брзо и без никаков повод.

„Во 16,30 часот Г. М. пријави дека додека се движел по плоштадот „Македонија“ бил нападнат од едно лице“, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...