Гонзалез: Фаворити сме, но треба да го подобриме нападот

Натпреварот меѓу Вардар и Висла ќе се игра во недела, од 17 часот во СЦ „Јане Сандански“.

187

Ракометарите на европскиот шампион Вардар в недела во Скопје ја пречекуваат Висла Плок во последниот дуел од групната фаза во Лигата на шампионите.

На „црвено-црните“ им треба најмалку бод за да го задржат првото место на табелата и да обезбедат директен пласман во четвртфиналето на ЛШ.

Тренерот на тимот, Раул Гоналез на денешната редовна прес-конференција пред натпреварот, изрази надеж дека неговите ракометари ќе одиграат многу подобро отколку во Нант и ќе дојдат до победата.

– Играчите се мотивирани, фаворити сме на овој натпревар, трениравме добро. Треба да го подобриме нападот бидејќи не бевме на потребното ниво против Нант. Сите екипи против нас го даваат максиумот, Висла игра добар ракомет, има квалитетни играчи, но верувам дека ќе победиме – изјави Гоналез.

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов изјави дека очекува поддршка од полна сала и триумф против гостинот од Полска.

– На натпреварите со Нант и со Загреб не одигравме како што знаеме, но тоа е нормално, се случуваат такви работи во спортот. Во добра ситуација сме, играме на домашен терен и со помош на публиката ќе дојдеме до победа против Висла. Се е во наши раце. Уште не сме во потребниот ритам и не сме на она ниво на кое знаеме да бидеме. Ни треба време да тренираме заедно и мислам дека формата ќе оди само нагоре – истакна Стоилов.

Натпреварот меѓу Вардар и Висла ќе се игра во недела, од 17 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...