Гибралтар со историска победа

300

Фудбалската репрезентација на Гибралтар ја забележа првата победа откако стана членка на Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Противникот на Македонија во Лигата на нации, вчера во пријателски дуел славеше триумф над Летонија со 1:0.

Стрелец на голот вреден историја за домаќините го постигна Лијам Вокер во 88. Минута.

Претходно, во 2014 година, гибралтарската репрезентација ја има совладано Малта (1:0), но тогаш беше членка само на УЕФА, а не и на ФИФА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...