ГДУ: Силна поддршка за Македонија и регионот за датум за преговори (ФОТО)

670

Силна и недвосмислена поддршка за Македонија и за регионот во целина за добивање на датум за отпочнување на пристапни преговори со Европската Унија, е еден од заклучоците на политичка група за поддршка на земјите од Западен Балкан, информира Граѓанско Демократска Унија од посетата на Брисел.

– Препознаен е придонесот на Република Македонија во рамките на регионалната безбедност. Политичката и национална разновидност на членовите на ЕУ парламентот кои партиципираа со свои дискусии во овие неколку дена, навистина делуваше охрабрувачки и отвара можност за поблиска соработка со европскиот парламент, не само на политичките партии од Македонија, туку и со граѓанскиот сектор и слични интересни групи. Како партија, се обидовме да дадеме придонес во некoлку дневните дискусии, да ја претставиме нашата земја во што е можно подобро светло, притоа држејќи се до начелото дека како добри, ние во Македонија имаме и нешта со кои и не се гордееме – велат од ГДУ.

ГДУ со благоданост до Арне Герик од Германија, оти како што велат, како да зборувал и во наше име кога му упати честитки на Ангел Џамбаски за неговите напори да ги врати Македонија и регионот на дневен ред на ЕУ парламентот.

– На Руперт Метјус за нескриениот интерес и особено за неговите предлози.
На нашата пријателка Ружа Томашевиќ за нејзината видлива емотивност кога зборува за Македонија. На учесниците на панелот “Македонија не е само име” пред се на  Андреј Ковачев и неговиот осврт од аспект на економската и регенионалната безбедност. Како и на дискутантите од Романија, од Албанија,од Данска…кои покажаа дека соработката, дијалогот, разбирањето, не се недостижни, туку се добредојдени.
Ја користиме оваа прилика и искрено посакуваме дијалогот на македонската влада со Европската Комисија во поглед на реформите од планот 3:6:9 да помине во слична атмосфера – велат од ГДУ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...