ГДУ на панел во Брисел посветен на земјите од Западен Балкан

390

Повеќе од очигледно, е дека и соседите на Македонија кои не се дел од ЕУ, ги имааат повеќе или помалку истите проблеми во многу сфери од секојдневното живеење. Денешниот настан послужи како можност да се утврди дека според таквите прашања- несомнено, владеењето на правото е на приоритетната листа, соопшти ГДУ, чија делегација е во работна посета на Брисел.

Од партијата информираат дека ГДУ учествувала во дебатата посветена на Реформите во Правосудниот Систем на Република Албанија, на панелот посветен на земјите од Западен Балкан.

– Учесниците во дебатата (членови на ЕУ парламентот) јасно ја покажаа својата подготвеност да се поддржат земјите аспиранти, истовремено, владите на тие земји да манифестираат прогрес во реформите, особено во делот на овие чувствителни прашања- велат од ГДУ.

Позицијата на Владата на Република Албанија ја претставија Теута Водо, заменик министер за правда и Елиса Спиропали, Комисија за соработка со ЕУ на албанскиот парламент.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...