ГДУ: Ќе станеме силна партија која ќе се справи со предизвиците во татковината (ГАЛЕРИЈА)

654

Подготвен сум и ќе ја вложам целата моја енергија, познавање и визија за Граѓанско Демократската Унија да се изгради во еден силен и демократски политички субјект кој ќе претставува алтернатива на оној систем кој повеќе од четврт век не може да се справи со предизвиците во нашата татковина.

Ова е пораката на претседателот на ГДУ ,Петар Колев од вчерашната промоција на партија.

На основачкото собрание беше порачано дека новата партија ќе делува во рамки на политичката десница, блиску до центарот. Тие порачаа дека ГДУ ќе инсистира на промена на постојниот изборен модел со пропорционален модел со отворени листи, при што државата ќе претставува една изборна единица.

На основачкото собрание присуствуваа и двајца членови на Европскиот парламент од редовите на конзервативците, Ружа Томашиќ од Хрватска како и бугарскиот европратеник, Ангел Џамбаски и одржаа кратки говори во знак на поддршка.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...