Британски „Financial Times” го прогласи американскиот инвеститор и филантроп, Џорџ Сорос за личност на годината, поради неговата улога на „стандарден носител на либералната демократија и отвореното општество“.
„Тоа се идеите кои што триумфираа во Студената војна. Денес, тие идеи се под опсада од сите страни, од Русија преку Владимир Путин, до САД преку Доналд Трамп“, пренесува “Financial Times” во образложението на признанието.
Одлуката за „Личност на годината“ обично се носи врз основа на достигнувањата.
Во случајот на Сорос оваа година, одлуката за неговиот избор е донесена и врз основа на вредностите кои што тој ги претставува, се додава во образложението.