Finance Central Europe магазинот ги рангираше најдобрите банки во Македонија

881

Finance Central Europe магазинот во своето 19-то годишно рангирање на банките во Југосточна Европа, ги рангираше и најдобрите банки за 2018 година во Македонија врз основ на пет критериуми и го прогласи најдобриот банкар во земјава.

За најдобра банка во Македонија, според магазинот, е прогласена Стопанска банка АД Скопје, најдобра банка според јачината на активата Комерцијална банка АД Скопје, а најдобра банка според јачина на капиталот Стопанска банка АД Скопје.

Според рангирањето најдобра банка по добивка пред оданочување е Стопанска банка АД Скопје, за најдобра банка според поврат на актива НЛБ Банка АД Скопје, која е и најдобра по принос на капитал.

За најдобра мала банка е прогласена Шпаркасе банка АД Скопје.

Според  Finance Central Europe најдобар банкар во Македонија за 2018 година е Диомидис Николетопоулос СЕО Стопанска банка АД Скопје.

Овој магазин ги рангира банките 19 години во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија и Турција. 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...