Филипче ја одзеде дозволата за работа на „Санте Плус гроуп“

Министерството за здравство информира дека обдукцискиот наод на родилката нема да го коментира.

199

По извршениот вонреден инспекциски надзор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат и извештајот за извршен стручен надзор над работата во Приватната здравствена установа „Санте плус гроуп“, утврдени се неправилности во работата на болницата во однос на кадар и опрема, по што Министерството за здравство донесе решение да ја одземе дозволата за работа на ПЗУ „Санте Плус гроуп“.

Министерството за здравство информира дека обдукцискиот наод нема да го коментира, бидејќи е предаден во Основното јавно обвинителство кое отвори истрага за случајот со смртта на родилката од Кичево.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...