ФФМ ќе поведе дисциплинска постапка против Вардар

Дисциплинската комисија ќе постапува поради недолично скандирање, како и за истакнувањето на парола со политичка содржина за пратениците од СДСМ на натпреварот против Ренова од 24. коло во ПМФЛ.

201

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ќе поведе дисциплинска постапка против Вардар поради однесувањето на неговите навивачи.

Дисциплинската комисија ќе постапува поради недолично скандирање, како и за истакнувањето на парола со политичка содржина за пратениците од СДСМ на натпреварот против Ренова од 24. коло во ПМФЛ.

Натпреварот кој се одигра во Скопје одредено време беше во прекин.

Одлуката се очекува да биде донесена во текот на следната недела.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...