Швајцарецот Роџер Федерер и Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро ќе играат во финалето на тенискиот Мастерс во Индијан Велс, САД.
Ова е епилогот по синоќешните полуфинални мечеви на кои се водеше голема борба.
Тоа посебно се однесува на дуелот кој го доби Федерер против Хрватот Борна Чориќ кој загуби речиси добиен меч. Резултатот е 2-1 за ветеранот, по сетови 5:7, 6:4 и 6:4.
На второто полуфинале Дел Потро го совлада Канаѓанецот Милош Раониќ со 2-0, по сетови 6:2 и 6:3.
Почетокот на мечот за трофејот е закажан за 19 часот.