Фчерашни новости: Што значи – Република Македонија во гранки Скопје? (Видео)

887

Однапред им се извинувам на гледачите дека при повлекување од местото на еден настан се удрив со левата рака во едно специјално возило пајак. Вака водителот на „Фчерашни новости“ ја започна вчерашната епизода на пародичните вести.

Во нивен стил, Фчерашни и овојпат имаа што да кажат за сите поважни и поневажни настани од изминатата недела.

Покрај „пајакот“, еве што може да погледнете во вчерашната 23 епизода, која веќе е достапна на „Јутјуб“:

Како е да се биде хејтер во Македонија?
Какви рокади се изиграа во една партија?
Што значи – Република Македонија во гранки Скопје?

Во недела, во истиот термин и на истото место, 20 часот на Телма и во живо на Фејсбук, гледајте ја новата епизода на најдобрата забавно-сатирична емисија „Фчерашни новости“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...