Фазлиу: Сите општини да бидат домаќини на волонтерите од САД

267

Граѓаните на Македонија со децении градат цврсти пријателски односи со американскиот народ. Заедно реализиравме многу заеднички проекти, директно финансирани од даночните обврзници на САД, порача министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, на Форумот со градоначалниците, во организација на Мировниот корпус и на Министерството за локална самоуправа.

– Проекти кои што имаат големо влијание на животот на нашите граѓаните и на создавањето на трајни, нераскинливи релации. И мировниот корпус, присутен во Република Македонија над две децении, има голем придонес во зајакнувањето на пријателството и соработката – рече министерот Фазлиу.

На Форумот беа презентирани искуства на волонтери од САД кои што престојуваат во повеќе општини во Македонија и се ангажирани во локалните заедници.

Фазлиу изрази очекување дека сите општини во Македонија ќе ја искористат можноста и ќе бидат домаќини на новите волонтери, затоа што на локално ниво можностите за осмислување и спроведување на заеднички активности се огромни.

Успешната и долгогодишна соработка на Министерството за локална самоуправа со Мировниот корпус беше афирмирана и преку посебно признание кое што му беше врачено на министерот Фазлиу.

Настанот е организиран во пресрет на Повикот за аплицирање за волонтери за 2018 година, на кој што можат да учествуваат сите заинтересирани основни и средни јавни училишта, општини и невладини организации. Следната група на волонтери ќе пристигне во Македонија во септември 2018 година и ќе вклучува наставници по англиски јазик, дефектолози и специјалисти за развој на заедницата. Крајниот рок за пријавување е 27 април.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...