„Тнр. бомби се продукт на странските служби… заедно со нивните базни станици и жолтото комбе“…(Груевски),„…Тие се сечени, лепени, монтирани снимки… малку ли одеше Заев во странство…“(Груевски), „Зад аферата „Пуч“ стои најсилната тајна служба во светот“, (Вејн Медсен во Гласот на народот со Томиќ). „Тиранската повелба неможе да е основ за формирање на владата на РМ“(Иванов).
Ова е само дел од широкиот спектар на fake news или „лажните усвоени и дифузирани информации“. Нивна цел е манипулација на јавното мислење со цел да предизвикаат одредена општествена или политичка реакција во полза на творецот на лажната вест и штета кон субјектот или идејата против кого е насочен сомнежот. Се работи за лажни или трик-информации кои потекнуваат од една или повеке индивидуи, од медиуми, блогови или социјални мрежи, од функционери и политичари, државници и спин-доктори.
ДПМНЕ –шампиони на fake news
Во Македонија, по стекнувањето на независноста, „лажните вести“ беа спорадична појава воглавно во предизборните кампањи или по повод некој настан. За таа цел постоеше и скромна армија на новинари блиски до тогашната власт кои произведуваа fake news наменети против политичките конкуренти но и сопартијците. Меѓутоа овој феномен не беше системски како што тоа се манифестира кон 2008 г. Мајсториите на fake news во Македонија се афирмираа со зајакнувањето на власта на премиерот Груевски. Секој пропуст, секоја грешка, секој лош глас, махерите на ДПМНЕ преку нивните медиуми и верни новинари го продаваа како „масло“ на тогашната опозиција или на нивните симпатизери. Неколку примери како што беше претепувањето на младите од Плоштад Слобода и спинувањето кое следеше потоа, демолирањето на седиштето на општина Центар под изговор дека новиот градоначалник ке го онвозможел градењето на црквата „Св. Јелена и Св. Константин“, идеологијата на „жртвите на транзицијата“ кои протестираа пред седиштетот на опозицијата, спинувањето на скандалот со фалсификуваните лични карти, исфрлувањето на пратениците на опозицијата од Собранието, под изговор дека самите биле криви за тоа, „демолирање на Собранието и обид за убиството на Заев и останатите пратеници“ под изговор дека „ја спасуваат Македонија“, или најексполатираниот слоган на ДПМНЕ дека „за Македонија се работело“ и под тој изговор се е дозволено…
Систематски пристап
Сите fake news на ВМРО-ДПМНЕ беа внимателно осмислени, прецизно испланирани. За поголема веродостојност беа формирани и ad hok „невладини организации“, “рејтинг институции“, „рекламни спотови“, „трик-интервјуа“, „лажни легенди и митови“, па дури и цели проекти како „Скопје 2014“. Популизмот, авторитаризмот и „лажните вести“ беа укомпонирани како најдобар можен коктел на „методот Груевски“. Духот на политичкаата манипулација и fake news прерасна во секојдневна форма на живеење во Македонија. Таквиот вирус го зафати и фантазмагоричниот Иванов, кој близу една деценија глуми председател. Речиси една година „изеде“ од мандатот на опозицијата под смешни изговори, иако таквото право не му припаѓаше. Со fake-амнестијата и контра-амнестија се посрамоти пред целиот свет, но затоа го подобри рејтингот кај екстремните националисти и разочараните членови на ДПМНЕ. Создавачите на fake news не престанаа да создаваат лажни информации особено со дебатата за Законот за јазици и преговорите меѓу Скопје и Атина за името на РМ.
Преговорите меѓу Заев и Ципрас отворија богат терен за бројни лажни fake информации: „Македонија се распаѓа“, „Не е можна промена на името без промена на идентитетот“, „Заев е уценет и затоа попушта“, „Македонците се свет народ“, „Нашата земја македонска е запишана во Библијата и некој сака да не избрише… никој од тие народи што сакаат да не избришаат не постојат во Библијата…“ (Владиката Агатангел)
Fake приказни за fake рејтинг
Лажните вести наоѓаат поволен простор во агенциите кои се занимаваат со мерењето на јавното мислење особено во предизборните периоди. Fake news можат значително да влијаат врз расположението на јавното мислење особено за време на изборите. Велешките хакери станаа светски феномен во дифузијата на fake news за време на кампањата на претседателскиот кандидат Доналд Трамп. Во Македонија слични тенденции се манифестираат и кај некои агенции кои бескомпромисно ја покажуваа својата партиска ориентација.
На пример, според податоците на институтот Димитрија Чуповски, председателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски „имал подобар рејтинг од Зоран Заев“. Во анкетата на оваа институција 42,2% од граѓаните имале позитивно мислење а 25,1% негативно мислење за лидерот на десницата. За сметка на тоа, 44,3% од испитаниците негативно се изразиле за Зоран Заев, додека само 35,5% му дале подршка на премиерот. Истиот ден, врз речиси идентичен репрезентативен примерок, според анкетата на Македонскиот центар за меѓународна соработка, рејтингот на Заев изнесувал 24,1% а на Мицкоски 2,9%. Дури и вечно ниско рангираниот Иванов достигнал 9,9% што е негов личен рекорд. Наспроти нив рејтингот на Груевски е 6,1%, што представува пад од преку 20% што се должи на неговите криминални афери. Македонската јавност веке навикна на разните fake news, лажни вести манипулации, спинови и гласини.
Разбирливо, творците на лажните вести знаат дека секоја индивидуа кога сака или презира нешто, е лесен плен на лажните новости, гласини, манипулации. Таквата верба се зголемува доколку лажната вест ги потврдува нивните сомнежи, верби или желби. Впрочем, основната цел на секоја индивидуа, спин-доктор, политичар кој ја измислува лажната вест е да излаже. Лагата но и ефектите на нејзиното откривање се со многу поголема тежина доколку зад манипулацијата стои државна институција, премиер, претседател, влада, министер, лидер на политичка партија. Со „бомбите на вистината“ македонското јавно мислење шокантно ја откри манипулативната икриминогена природа на политичарите во државата.
Инаку една од највпечатливите fake news информации која произведе големи реакции во светот е онаа за лажната смрт на пребегнатиот руски новинар Бабченко во Киев. Во неговата „смрт“ соработуваше и украинската влада на чело со Претседателот Петро Порошенко. Меѓутоа овој вид fakе news предизвика бурни реакции во европските метрополи во епохата кога сеуште е актуелна аферата Скрипал за вмешаноста на руските тајни служби во елиминацијата на поранешниот руски раузунувач. Со оваа афера се релативизира вмешаноста на Русија во атентатите против руските противници на Путин и јакне сомнежот дека Москва е воопшто вмешена во таквите операции. Fake news?