Ердоган: Турција во секој момент може да почне воена операција во Синџар

1524

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека во секој момент може да почне воена операција во ирачкиот град Синџар.

– Ние сме одлучни да ставиме крај на терористите (припадници на Курдска работничка партија) во Синџар. Затоа ние можеме некоја ноќ ненадејно да влеземе таму. И тоа не се прави со објавување на датум туку без навестување – изјави Ердоган за турската телевизија НТВ.

Тој додаде дека ирачкиот регион Синџар, кој граничи со Сирија, „не е Кандил туку негова алтернатива“.

Во планинскиот регион Кандил во северен Ирак во последните 30 до 35 години кампови има ПКК, што од време на време се мета на турската воена авијација.

Ердоган упати апел до ирачката Влада да преземе мерки против ПКК во Синџар.

– Ако Вие не го направите тоа, тогаш оставете не нас. Тоа е заедничко прашање на Анкара и на Багдад, ние сме подготвени да работиме заедно – посочи Ердоган.

Турскиот претседател уште на 19 март најави операција во Синџар, додека ирачкото Министерство за одбрана соопшти дека ќе одговори на секоја воена интервенција против суверенитетот, Уставот и територијата на Ирак. По најавата на Ердоган, Багдад испрати војска во Синџар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...