САД доставија големо количество оружје на терористички групи на територијата на Сирија, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
– Ако сме стратешки партнери, тоа значи дека вие – САД, треба да не почитувате и да престанете да не лажете, изјави Ердоган. – Во Сирија сте испратиле пет илјади камиони со оружје и две илјади контејнери со муниција. Значи, го одбивте нашето барање, а сте ги снабдувале терористичките групи со оружје. За какво партнерство станува збор?, праша Ердоган – без да прецизира што Турција побарала од САД..
Тој дополни дека во моментов тоа оружје преминува во рацете на турската армија.
– Пронаоѓаме тунели, а во нив складишта со оружје, гледаме домови – полни со муниција. Го уништуваме сето – истакна Ердоган.
Турската армија на 20 јануари ја почна операцијата „Маслиново гранче“ во реонот на Африн. Операцијата е насочена против Силите за заштита на народот и Партија на демократската унија на сириските Курди, кои Анкара ги смета за терористички организации, поврзани со Курдската работничка партија (ПКК).