Владата на денешната седница го назначи Бујар Дарлишта за в.д. директор на Управата за водење на матични книги.
Лазар Еленовски е назначен за специјален пратеник на Владата на Република Македонија за НАТО интеграции во Брисел.
Владата на својата 56-та седница отповика неколку конзули на Република Македонија – станува збор за Ричард Голдман, Џејсон Мико, Томас Танеф, Ендру Димитри Пејкоф, Лоу Влашо, како и Пуршотам Карамангала Џајарам.