Елен Деџенерис: Девојка ми загина, спиев во подрум полн со болви

1031
ФОТО: EPA/TRACEY NEARMY

Комичарката и водителка Елен Диџенерис, која неодамна наполни 60 години, во разговор со глумецот Дакс Шепард говореше за најтешките денови од приватниот и професионалниот живот.

Елен, сега една од најпознатите телевизиски ѕвезди, открила како кога имала 20 години во сообраќајна несреќа загинала нејзината тогашна партнерка.

– Во тоа време работев како келнерка, а живеев со девојката… Кога почина, не можев сама да плаќам за станот кој го делевме, па морав да се преселам во соба во подрумот. Немав ни кревет, спиев на душек на подот, а се околу мене беше полно со болви. Единствена утеха најдов во пишувањето поезија. Често размислував колку би скала Бог да има телефонска линија, сакав да му се јавам и да го прашам некои работи, ми требаа објаснувања – изјавила Елен.

Деџенерис во 1997 година јавно призна дека е хомосексуалец, а со актерката Порша де Роси е во брак од 2008 година.

ФОТО: EPA/TRACEY NEARMY

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...