„Елемтурс“: Копанки не работи, оти нема услови за скијање

1899

„Елемтурс“ информира дека во ски-центарот Копанки моментално нема услови за скијање поради топење на снегот и од таа причина ски-лифтот на Копанки не работи.

Од компанијата тврдат дека по завршувањето на викендот, поради новонастанатата состојба со високи температури и врнежи од дожд кои ја стопија снежната покривка, а треба да се земе предвид и фактот дека во работните денови има многу слаба заинтересираност од посетители, одлучено е центарот да не работи во текот на неделата.

-Доколку  во текот на следниот викенд,  има нови врнежи од снег, истиот повторно ќе биде отворен – дополнуваат од „Елемтурс“.

Од компанијата тврдат и дека поради неработењето на ски-лифот во текот на работните денови од оваа недела ниеден работник нема да изгуби ангажман, бидејќи за опслужување на жичарата се ангажирани сезонски работници кои имаат договор со одредено времетраење за потребите на зимската сезона.

– Сакаме да нагласиме и дека ски – центарот „Копанки“ во овој период полека се подготвува за заокружување на зимската сезона и работи на содржините за пролетната и летната сезона – велат од „Елемтурс“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...