ТВ-преносите од трките во Формула 1, за територијата на Македонија ексклузивно ги обезбеди Телевизија 24. Иако сезоната веќе почна и заврши првата трка, во Австралија, сепак, остатокот од календарот во Ф1 ќе им биде достапен на македонските гледачи.
Пред почетокот на сезоната, па и за првата трка, важеше информацијата дека на македонските ТВ-оператори нема ниту една телевизија која ќе ја емитува оваа содржина откако МРТ не го обнови договорот.
ТВ-мрежата Спортклуб ги купи правата од Ф1 само за својата српска филијала, а во Македонија зрачи хрватската верзија на оваа регионална телевизија.