ЕК очекува законот за јазици да се испрати до Венецијанска комисија

Таа рече дека очекувањата на Европската комисија се Собранието сега да се фокусира на реформите и да се напредува во ЕУ агендата.

223

Европската комисија очекува Законот за употреба на јазиците да биде испратен до Венецијанската комисија, како што е најавено во планот 3-6-9, и го нотира вчерашното усвојување, изјави за МИА портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич.

– Имплементацијата на законот треба да биде во согласност со европските стандарди – вели Коцијанчич.

Таа рече дека очекувањата на Европската комисија се Собранието сега да се фокусира на реформите и да се напредува во ЕУ агендата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...